Туркало/нишалка 3во1 еднорог Марси - модел 636 минт
Со оваа играчка е можно Вашето дете во еден момент да се ниша, во друг да ја вози подбутнувајќи ја со своите ножиња, а веќе во третиот да Ве повика Вас да го возите низ дома или надвор. За разлика од други модели на туркала, овој модел поседува рачка која овозможува забавата да продолжи дури и кога Вашето малечко ќе се измори.
Туркалото поседува платформа за лулање со чиешто отстранување се добива туркало со рачка кое може да го управува родителот, а истата се отстранува, па добивате туркало кое Вашето малечко ќе може самостојно да го вози. Седиштето е меко и удобно со потпирач за грбот на детето, заштитен обрач и безбедносен појас со 2 точки на поврзување, со што детето е заштитено од можен пад.
Спецификации:
► Еднорог 3во1 Марси е мултифункционален производ кој на Вашето малечко ќе му обезбеди бројни часови забава
► Може да биде истовремено туркало со нозе, туркало со рачка и нишалка
► Овој производ е изработен од висококвалитетна пластика со заоблени врвови
►Седиштето е меко, со потпирач за грбот на детето, заштитен обрач и безбедносен појас со две точки на поврзување
► Моделот има светлосни и музички ефекти кои на детето ќе му обезбедат уште поголема забава
► На главата на еднорогот има рачки за поголема стабилност на детето при нишањето, а над предните тркала се наоѓа потпирач за нозете
► Производот е наменет за деца од 2 до 5 години
► Препорачано максимално оптеретување на производот - до 20кг
► Димензии на производ: со подлога за нишање - 74*36*54cm
без подлога за нишање - 62*36*48cm