Тротинет Буба Мара 4во1 виолетова - Модел 652
Тротинетот Буба Мара 4во1 веќе долг период е еден од најпродаваните детски тротинети. Причината е веселиот дизајн на предната корпа со лик на Буба Мара со очиња кој децата го обожаваат.
Тротинетот 4во1 е мултифункционален и многу практичен, па може да се користи на четири начина во зависност од комбинирањето на неговите додатоци. Овој производ може да биде и туркало бидејќи содржи рачка за родителско туркање која по потреба се отстранува и седиште со прилагодлива висина во три нивоа. Благодарение на овие додатоци може да се користи и за деца помали од 2 години. Поседува и силиконски тркала кои светат за време на возењето.
Спецификации:
► Производот е наменет за деца од 12м+ па до 6 години (35 кг)
► Меки управувачки рачки
► Прилагодливо седиште во висина на три нивоа
► Задна кочница
► Anti-slip подлога за максимална стабилност на нагазната површина
► Предна корпа во облик на буба мара
► Силиконски тркала кои светат за време на возењето (100*27 mm)
► Димензии на производот: 56*13*95 cm