Трицикл за деца Playtime Moni модел - 431 беж
Уште еден од претставниците на брендот Playtime, овојпат трициклот за деца Мони 431 доаѓа во уште повпечатливи бои и усовршени карактеристики. Моделот Мони 431 има удобно ротирачко седиште кое овозможува детето да може да биде свртено кон родителот или во правецот на движење. Тркалата на трициклот Мони 431 се изработени од EVA пена која гарантира удобно возење како по асфалт, така и по нерамни терени.
Трициклот Мони 431 може да се користи како трицикл со кој ќе управува родител со помош на рачката за управување, а подоцна со отстранување на заштитната тенда и рачката за управување како трицикл кој Вашето малечко ќе може самостојно да го вози. Дизајнот на овој модел посебно внимание посветува на безбедноста на Вашето дете, па затоа истиот има безбедносе обрач и безбедносен појас со две точки на поврзување.
Спецификации:
► Моделот Мони 431 е наменет за деца од 12+ месеци до 5 години
► Основата на трициклот ја сочинуваат цврстата метална конструкција со елементи од квалитетна пластика кои се отпорни на сонце и други атмосферски влијанија
► Седиштето на трициклот е меко и поседува безбедносен обрач и безбедносен појас со две точки на поврзување што дава максимална заштита на Вашето дете од можни падови
► Седиштето е со ротација 360º
► Широката тенда обезбедува максимална заштита на Вашето дете од сончевите зраци поседува повеќе степени на преклопување и можност за отстранување по потреба
► Тркалата на трициклот Мони 431 се изработени од EVA пена, материјал кој е долготраен и издржлив, а воедно нуди удобно возење по различни терени
► Задните тркала поседуваат кочница
► Кај задните тркала, под рачката за управување се наоѓа поголема корпа за складирање, на напред помала
► На рачката за управување се наоѓа мини торбичка за складирање
► На предното тркало се наоѓаат педали за самостојно управување на трициклот после 3 годишна возраст
►Елементи кои се отстрануваат по потреба се: тендата, рачката за управување, безбедносниот обрач, држачот за стапала
► Трициклот најпрво се користи со сите елементи со туркање од страна на родителот од 12+ месеци па до 3 години возраст, а потоа се користи како класичен трицикл кој детето самостојно ќе го управува
► Кога детето самостојно го вози трициклот неопходен е родителски надзор
► Максимално препорачано оптеретување на производот е до 35 кг
► Димензии на производот: 92*52*104 cm
► Тежина на производот 9 кг