Трицикл за деца Playtime - модел 447 црн

6.490,oo ден

 

Моделот 447 од брендот Playtime е мултифункционален производ наменет за деца на возраст од 12 месеци па до 5 години возраст. Иновативниот дизајн овозможува многу погодности за родителите за време на неговото користење, особено кога се работи за многу мали деца. Со едноставно вртење на мекото седиште, трициклот се трансформира во "количка", а родителите многу лесно може да го контролираат движењето со помош на практичната рачка за управување и истовремено да имаат визуелен контакт со своето дете додека трае возењето. Поседува голема корпа за складирање која се наоѓа под рачката за управување. Широката тенда направена од еластичен материјал има можност за собирање во повеќе степени, во зависнот од силината на сончевите зраци. Овој модел поседува безбедносен обрач и безбедносен појас со три точки на поврзување кои што го штитат детето од евентуален пад. Тркалата се направени од полна гума, така што не постои ризик од пренапумпување, а истовремено овозможуваат удобно возење за детето дури и по нерамни терени. 

Доколку се користи како класичен трицикл, потребно е да се отстранат управувачката рачка, двата држачи за нозете, безбедносниот обрач и тендата. Кога детето ќе порасне (после 3 години возраст) и ќе почне самостојно да го вози трициклот, осигурете се дека тоа е секогаш под родителски надзор. 

Спецификации:

► Производот е наменет за деца од 12+м па до 5 годишна возраст

► Тркалата се изработени од EVA пена

► Задните тркала имаат кочница 

► Воланот е музички и на склопување 

► Трициклот поседува безбедносен обрач и безбедносен појас со три точки на поврзување

► Мекото ротирачко седиште 360º овозможува погледот на детето да биде насочен или кон правецот на движење, или кон родителот и поседува две опции за положбата на детето за врме на возењето: седечка и лежечка

► Трициклот поседува цврста метална конструкција, рачка за управување (се отстранува по потреба), држач за нозете (се отстранува по потреба), тенда со повеќе степени на собирање (се отстранува по потреба)

► Максималното оптеретување за овој производ е до 20 кг

► Тежина на производот: 11 кг

 

 

 





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2025 ForKids.MK
Powered by: I.T.