Трицикл за деца Playtime - модел 420 сива
Трициклот модел 420 како дел од новата колекција на престижниот бренд Playtime претставува најфункционалниот модел за одмор и спиење во текот на возењето. Во полнетото седиште на овој трицикл детето ќе се чувствува како во најудобно седиште за во автомобил. Поседува ротирачко седиште во два правци со подесување на потпирачот за грб до позиција на лежење. Системот за склопување при транспорт овозможува практично решавање на неговиот транспорт во автомобил.
Трициклот може да го користат и мали бебиња и е одлична замена за летната количка, но со максимално оптеретување дури за 3 пати поголемо од она на летните колички.
Спецификации:
► Трициклот модел 420 е мултифункционален трицикл наменет за деца од 10+ месеци па до 5 години (35kg)
► Основата на трициклот ја сочинува цврстата метална конструкција со удобно полнето седиште што го прави одличен за долги прошетки
► Поседува ротирачко седиште кое овозможува визуелен контакт на детето со родителите, како и адекватна заштита од сонце во текот на возењето
► Потпирачот за грб може да се подеси надолу и до 170⁰ со што се добиваат положба на лежење и повеќе положби на седење
► Моделот го прави дополнително атрактивен и тоа што поседува склоплива опција при транспорт
► Тркалата на овој трицикл се од полна гума и не може да се продупчат со што овозможуваат удобно возење дури и на нерамни/груби површини
► Овој модел има два пара држачи за нозе и со тоа е возможно да се користи и за мали бебиња
► Тендата од платно може да се степенува по потреба, а може и да се отстрани целосно
► Рачката за туркање има можност да се прилагодува по висина
► Моделот поседува петостепен безбедносен појас во комбинација со безбедносниот обрач обезбедува повеќекратна заштита во текот на возењето
► Трициклот поседува и две корпи за складирање, како и торбичка на рачката за туркање
► Елементи кои може да се отстранат: тенда, безбедносен обрач, држачите за нозе, рачката за туркање
► Моделот поседува и педали за самостојно возење од страна на детето
► Максимално препорачано оптеретување на производот до 35kg
► Димензии на производот: 85*65*102cm
► Тежина на производ: 12,5kg