Трицикл за деца Playtime - модел 419 минт

5.190,oo ден

 

Трициклот за деца модел 419 е на популарниот бренд Playtime. Тркалата од полна гума не може да се пrодупчат и со тоа удобноста на возењето по сите видови на површини, дури и нерамни/груби е загарантирана за Вашето малечко.

Мекото ротирачко седиште овозможува детето да биде свртено кон родителие или во правецот на движење. Покрај тоа, трициклот поседува и дополнителни држачи за нозете додека детето е мало. Овој трицикл спаѓа во групата на трицикли со најголема носивост поради својата цврста конструкција. Сите дополнителни елементи можат да се отстранат и да остане класичен трицикл кој детето самостојно ќе го вози.

Спецификации:

Моделот 419 е мултифункционален трицикл и е наменет за деца од 12+ месеци, па до 5 години (35kg)

Поседува меко и удобно седиште со безбедносен појас кој, во комбинација со безбедносниот обрач го штити детето од можни падови во текот на возењето

Основата на моделот ја сочинува цврстата метална конструкција дополнета со елементи од висококвалитетна пластика отпорни на различни атмосферски прилики

Тркалата на овој модел се со полна гума која обезбедува удобно возење дури и по нерамни/груби површини

Трициклот има ротирачко седиште во два правци кое, не само што го овозможува визуелниот контакт на детето со родителите, туку обезбедува и адекватна заштита од сончевите зраци

Тендата на трициклот е од висококвалитетно цврсто платно и има можност за степенување, како и целосно отстранување од потпирачот на седиштето

Трициклот поседува два пара држачи за нозете од кои, првиот е наменет за бебиња, додека вториот се користи кај малку поголми деца

На рачката за туркање се наоѓа торбичка, а под рачката корпа за складирање

Кочниците се наоѓаат на самата конструкција веднаш до самите тркала

Препорачано максимално оптоварување на производот е 35kg

Елементи кои може да се отстранат се: тендата, безбедносниот обрач, држачите за нозе, рачката за туркање

На предното тркало се наоѓаат педали за самостојно возење на трициклот од страна на детето

Димензии на производ: 92*52*104cm

Тежина на производ: 9kg





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2025 ForKids.MK
Powered by: I.T.