Трицикл за деца Playtime - модел 419 беж

5.280,oo ден

 

Трициклот за деца модел 419 е на популарниот бренд Playtime. Тркалата од полна гума не може да се пrодупчат и со тоа удобноста на возењето по сите видови на површини, дури и нерамни/груби е загарантирана за Вашето малечко.

Мекото ротирачко седиште овозможува детето да биде свртено кон родителие или во правецот на движење. Покрај тоа, трициклот поседува и дополнителни држачи за нозете додека детето е мало. Овој трицикл спаѓа во групата на трицикли со најголема носивост поради својата цврста конструкција. Сите дополнителни елементи можат да се отстранат и да остане класичен трицикл кој детето самостојно ќе го вози.

Спецификации:

► Моделот 419 е мултифункционален трицикл и е наменет за деца од 12+ месеци, па до 5 години (35kg)

► Поседува меко и удобно седиште со безбедносен појас кој, во комбинација со безбедносниот обрач го штити детето од можни падови во текот на возењето

► Основата на моделот ја сочинува цврстата метална конструкција дополнета со елементи од висококвалитетна пластика отпорни на различни атмосферски прилики

► Тркалата на овој модел се со полна гума која обезбедува удобно возење дури и по нерамни/груби површини

► Трициклот има ротирачко седиште во два правци кое, не само што го овозможува визуелниот контакт на детето со родителите, туку обезбедува и адекватна заштита од сончевите зраци

► Тендата на трициклот е од висококвалитетно цврсто платно и има можност за степенување, како и целосно отстранување од потпирачот на седиштето

► Трициклот поседува два пара држачи за нозете од кои, првиот е наменет за бебиња, додека вториот се користи кај малку поголми деца

► На рачката за туркање се наоѓа торбичка, а под рачката корпа за складирање

► Кочниците се наоѓаат на самата конструкција веднаш до самите тркала

► Препорачано максимално оптоварување на производот е 35kg

► Елементи кои може да се отстранат се: тендата, безбедносниот обрач, држачите за нозе, рачката за туркање

► На предното тркало се наоѓаат педали за самостојно возење на трициклот од страна на детето

► Димензии на производ: 92*52*104cm

► Тежина на производ: 9kg





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2025 ForKids.MK
Powered by: I.T.