Трицикл за деца Forkids 4001 беж
Трициклот Forkids 4001 е посебно дизајниран за да им го олесни секојдневието на родителите со своите малечки. Поседува цврста метална конструкција и негови главни карактеристики се ротирачкото седиште, кое воедно, поседува и можност за позиционирање на потпирачот за грб од седечка до лежечка позиција на детето, како и лесно склопливиот дизајн. Максимално легната позиција се добива во фазата на ротација на седиштето каде се искористува и можноста за склопување на воланот за добивање на скоро целосна легната позиција.
Склопливиот волан поседува и светло кое користи 2*АА+ батерии за напојување. Безбедносниот обрач, рачката за туркање и тендата се со можност за отстранување при што се добива класичен трицикл кој детето ќе може самостојно да го вози, додека безбедносниот појас е со пет точки на поврзување.
Спецификации:
► За деца на возраст од 10м+ па до 5 години (30 кг)
► Ротирачко седиште
► Седиште кое е со прилагодлив потпирач за грб од позиција на седење до позиција на лежење
► Гуми од EVA пена
► Волан со можност за склопување
► Светло на волан