Квадрицикл (баги) за деца на акумулатор - модел 134 црвен
Со својот силен мотор и цврстата конструкција, овој квадрицикл е спремен да се соочи со сите терени. Трева, песок, чакал па дури и калливи површини - нема пречка за Моделот 134 која нема да биде совладана. Децата ќе се чувствуваат како вистински возачи додека управуваат и ја истражуваат околината со него. Овој квадрицикл е дизајниран за да биде обожаван од Вашите малечки. Силата на акумулаторот овозможува слобода во движењето, а мекото седиште и големите тркала обложени со заштитна облога по нивната средина, овозможуваат удобно возење дури и по релјефни површини.
Спецификации:
► Наменет за деца на 3+ години
► Предвиден за возење по суво и влажно време, по рамен, груб или релјефен терен
► Поседува 4 големи тркала кои ќе има дадат стабилност дури и на најмладите возачи
► Седиштето е меко и удобно а тркалата се направени од висококвалитетна пластика со заштитен слој по средината за преминување на секакви нерамнини без пречка
► Со квадрициклот се управува преку педалата за гас
► Може да оди напред-назад, а правците лево-десно се постигнуваат со управување на воланот
► Наменето за едно дете
► Акумулатор 6V4Ah
► Полнач 12V1000mA (AC220-240V, DC12V)
► Време на полнење 8-12 часа
► Препорачано максимално оптеретување 30 кг
► Димензии: 90*50*59 cm
► LED светла