Количка за бебиња Марси 600-1 со седиште за во автомобил беж
Овој пат нашата количка за бебиња Марси 600-1 доаѓа со надополнување. Наменета за бебиња од самото раѓање па до 36 месеци, односно до 15кг. Во сетот на Марси 600-1 е вклучено и седиште за во автомобил / транспортер за бебе кој е наменет од самото раѓање па до 9 кг. Истиот доаѓа со зимска навлака за нозете на Вашето малечко и прилагодлива тенда со повеќе нивоа на собирање. Со својот ергономски дизајн и безбедносен систем со три точки на поврзување овозможува максимално удобно и безбедно патување за Вашето малечко без разлика дали се користи самостојно како транспортер, како седиште за во автомобил или пак, како седиште за бебе до 9кг ( однсно 1,5 месеци во зависност од тежината ) на самата количка.
Ултра модерното спортско седиште на почеток може да се користи како удобна корпа за новороденче на количката или самостојно, со меки перничиња и ергономски дизајн кои ја прават неверојатно удобна и безбедна. А можноста за ротација во два правци овозможува на Вас и на Вашето малечко нови и различни искуства со секое возење. Соодветната потпора на грбот и вратот на вашето бебе овозможуваат удобно и безбедно патување. Без разлика дали е во седечка или во легната позиција, Вашето малечко ќе биде заштитено и удобно сместено во тек на возењето.
Освен удобност, Количката Марси 600 се одликува и со голема практичност со пространата корпа за складирање, додека силните ротирачки тркала Ви овозможуваат лесно возење и по нерамни терени. Механизмот за склопување ја прави лесна за складирање и пренос.
Сигурноста на Вашето малечко е наш приоритет. Затоа посветивме посебно вимание на безбедносните појаси и на кочниците кои обезбедуваат максимална стабилност и спречуваат несакани движења. Во безбедносните функции спаѓаат и заштитата од надворешните влијанија како дожд и сонце со широката тенда која се отвара во повеќе нивоа, како и прекривката на самото седиште која по потреба се одстранува.
Спецификaции:
► предни тркала од ЕВА пена
► задни тркала од ЕВА пена со гума
► амортизери
► кочници
► транспортер од 0+м до 9кг со прилагодливи рачка и тенда и со зимска навлака за нозе
► зимска навлака за нозе на седиштето/корпата на количката
► можност за ротирање на корпата во два правци
► можност за подесување наслонот за грбот на детето на повеќе нивоа
► петостепен сигурносен појас
► држач за чаша
Дополнителна опрема и информации:
► наменета за едно дете почнувајќи од 0+м па до 36м возраст (односно 15 кг)
► мрежа за количката
► торба за мама
► корпа за складирање