Џип на акумулатор 12V - модел 294 бела
Џипот на акумулатор модел 294 е теренско возило кој на децата им го овозможува највозбудливото возење на отворено. Неговите робусни тркала без проблем може да се движат и по влажни и по нерамни површини бидејќи поседуваат заштитен слој по нивната средишна линија кој го спречува нивното оштетување и абење.
Неговите димензии и перформанси, како и подигнатата конструкција овозможува користење од најмала 12м+ па до предучилишна возраст.
Спецификации:
► Џипот модел 294 е наменет за деца на возраст од 12 месеци па до 6 години (30кг)
► Поседува две батерии со вкупна јачина од 12V (2*6V/4,5Ah) и два мотора со јачина од 2*25W на задните погонски тркала
► Поседува дупли команди, односно можност детето само да го вози преку пеалот за гас и воланот и можност за далечинско управување од страна на родителот
► Просечната брзина е 5-7km/h
► Робусните тркала се со заштитна облога по средината наменета за заштита од абење и оштетување при возење на нерамни површини
► Поседува предни и задни LED светла
► Поседува безбедносен ремен кој освен што ги штити од можен пад и најмалите, кај поголемките деца игра значајна улог во стекнување на здрави безбедносни навики при учество во сообраќај
► Реалистичоста на дизајнот на овој модел е поткрепена со можност за отварање и затварање на вратите
► Реалистичен звук при палењето на моторот
► На инструмент - таблата се наоѓаат копчиња за мелодиите кои ги поседува автомобилот, како и порт за USB и MP3, па со тоа е возможно слушање на музика преку мобилен телефон или таблет
► Димензии на производот 105*65*65cm
► Тежина на производ 11кг