Автомобил на акумулатор џип двосед - модел 304 црна
Џиповите- двоседи за деца се идеални за деца кои имаат братче или сестричка, или пак, нивните родители планираат уште едно дете. Веќе со години се едни од најбараните модели на нашиот пазар. Со своите пространи димензии, овие модели го обезбедуваат целиот неопходен комфор во кабината за удобно возење на две деца. Големите тркала се со заштитна облога по нивната средина која обезбедува долготрајност и лесно возење како на асфалтирани така и на релјефни површини. Максималното оптеретување кај овој модел на џип е до 35 кг, така што децата може да го возат до поаѓање на училиште. Двојните команди даваат можност на родителите да управуваат преку далечинскиот управувач се додека детето не стекне доволно зрелост за да почне самостојно да управува со возилото.
,Спецификации:
► Моделот 304 е џип за возење на две деца, дизајниран по пример на популарните BMW џипови кои секојдневно ги сретнуваме во нашата околина
► Наменети се за деца на возраст од 12+ месеци па до 7 годишна возраст
►Овие двоседи имаат батерија со јачина од 12V и два мотора со јачина од 25w на задните погонски тркала
► Овој модел има двојни команди, односно можност за управување на два начина: првиот преку далечинскиот управувач од страна на родителот, а вториот преку воланот и педалата за гас од страна на детето
► Управувањето од страна на родителот е до 3 годишна возраст кога детето веќе стекнува зрелост за самостојно управување
► Овие џипови имаат просечна брзина од 3-5 km/h што одговара на просечен човечки од
► Тркалата се изработени од висококвалитетна пластика со заштитен слој по средината, наменети за возење по асфалт и нерамни површини
► На задните тркала имаат амортизери за што поудобно возење
► Овој модел поседува предни и задни светла со LED ефекти
► За поголема безбедност допринесува и безбедносниот појас со две точки на поврзување кој ги штити и најмалечките од можни падови
► За уште пореален ефект допринесува и можноста за отварање и затварање на вратите
► Моделот 304 од музички ефекти располага со сирена на воланот, како и звук на реално палење на моторот
► На контролната табла постојат копчиња за мелодиите кои ги поседува автомобилот како и USB и MP3 приклучоци што овозможува слушање на музика преку мобилен телефон или таблет
► Максимално дозволено оптеретување на производот е 35 кг
► Димензии на производот: 130*78*82 cm
► Тежина на производот: 27 кг